Илхан Кјучјук – нов известувач за нашата земја во Европарламентот
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент одлучи нов известувач за Република Северна Македонија да биде Бугаринот Илхан Кјучјук, на местото на словенечкиот европратеник Иво Вајгл.
Тоа значи дека во наредните пет години тој ќе ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на нашата земја.
34-годишниот бугарски европратеник Кјучјук од 2012 година е претседател на либералната партија Движење за права и слободи (ДПС), а во 2014 година е избран за пратеник во Европарламентот во парламентарната група на Алијансата на либералите и демократите за Европа, каде годинава е реизбран за нов петгодишен мандат.