20/04/2024
Охрид

„Импровокација С05Е03“ во знакот на хуманоста

Народниот Театар од Охрид и Импровокаторите се приклучуваат кон серијата хуманитарни настани, со цел да се обезбедат сретства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Претставата „Импровокација” во сабота (27.10.18 – 20:00 часот) ќе биде со хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на картите, ќе бидат уплатени на отворената трансакциска сметка 200001557959672 (Горан Настески, депонент, Стопанска Банка).

Во Импровокација учествуваат актерите на НТО Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифоски, а како специјален гостин овојпат учествува и младиот актер од Скопје – Јаков Спасов.

Картите за претставата можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, по цена од 200 денари.

Импровокаторите ве потсетуваат дека со повик на броевите 143 102 (t-mobile) и 143 480 (Vip) донирате 100 денари за Сара.