19/04/2024
Охрид

„Импровокација“ на 24ти мај во Центарот за култура во Охрид

Аз, Буки, Веди… 24-ти мај, денот на просветителите Св. Кирил и Методиј, ден кога светите браќа тргаат на Моравската мисија е ден и за Импровокација.

Во петок од 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ на сцената, ќе се одигра претставата „Импровокација“.

Карти можат да се набават од Музичка Продавница Зизи Топ или резервирааат на 075 283 066, по цена од 200 денари, и 250 денари на денот на изведбата.

И да… понесете ја и вашата имагинација, зошто знаете, вашите предлози се бесценети!