20/04/2024
Охрид

IN MEMORIAM: Почина Милица Марковска

Синоќа во 93тата година од животот почина Милица Марковска, професор по историја и истакната граѓанка на Охрид носителка на ордени, медали и награди за својата педагошка работа и општествени активности.

Милица Марковска професор по историја во пензија.

Родена во с Јанковец, Ресен во 1926 година. Учела во Битолската гимназија, а завршила во Пожаревац во 1944 година. Виша педагошка школа и Филозофски факултет, група историја, завршила во Скопје во 1956 година.

Како професор по историја првото веработување и било во Женската гимназија во Скопје, а потоа целиот свој работен век го поминала во Гимназијата Св.Климент Охридски во Охрид како професор, помошник директор и директор. Во својата струка се посветила на методиката во наставата по историја за што носи звање истакнат педагошки работник во 1080 година. За своите постигнувања во професијата и општествените активности одликувана е со Орден на трудот со сребрен венец и Орден на трудот со златен венец. За учество во НОВ и Антифашистичката војна носител е на медал Заслуги за народ. Градот Охрид ја има наградувано со дипломи и пофалници, а беше и предложена и за највисокото општинско призанине Свети Климентовата награда.