17/04/2024
Македонија

IN MEMORIAM: Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар и мултимедијален уметник

Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки (54), академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Неговата смрт настапи ненадејно, на 10 јануари, околу 17:30 часот…

Мирослав Стојановиќ и е познат на македонската јавност по своите оргинални и моќни дела во кои неговото гледање на човекот и светот отвора нови страници на човековото сфаќање за постоењето, за ништожноста и за внатрешната потрага по смислата.

„Шуки беше наш голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт. ЦИВИЛ ќе отвори книга на жалоста во своето седиште денеска, во 12 часот“, информираат од организацијата Цивил – Центар за слобода.

За погребот и комеморативните настани, јавноста ќе биде дополнително информирана.