20/04/2024
Македонија

In memoriam : Почина Шарик Тара

Денес во 88 година од животот, во Истанбул почина Шарик Тара, роден скопјанец (1930) и почесен граѓанин на Скопје , кој на 12 годишна возраст заминува во Република Турција, земјата во која ја основа компанијата ЕНКА со која гради блескава деловна кариера во областа на градежништвото…

Со својата посветеност кон родниот град, Шарик Тара остави траен белег во реконструкцијата на Турбето на Исак Бег, Турбето на Јигид Паша и Медресата на Медих Баба неговиот учител.

Министерството за култура на Република Македонија изразува длабоко сочувство до семејството на Тара и почитувачите на неговото дело.