29/03/2024
Охрид

Инфо ден во рамки на кампањата „365 работнички права на младите”

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид во текот на утрешниот ден ќе организира инфо ден, во рамките на националната кампања “365 работнички права на младите”.

Кампањата ја спроведуваат младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со www.fakulteti.mk и конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Оваа кампања вклучува серија активности, во текот на целата 2018 година.

Инфо денот ќе се одвива утре ( 21.09.2018 година ), со почеток од 11 часот на градскиот плоштад.