28/03/2024
Охрид

Информативно-консултативна средба со сопствениците на недвижен имот во населбата Чекоштина

Здружението Чекоштина урбан организира информативно-консултативна средба со сопствениците и корисниците на недвижен имот во населбата Чекоштина.

Средбата ќе се одржи пред хотел Сончева порта, на 12.09.2020 г. (сабота) во 17:00 часот.

Тема на средбата ќе биде извештај за досегашните активности на здружението и консултации за понатамошни задачи.

„Апелираме до сопствениците на и корисниците на недвижен имот во Чекоштина да присуствуваат на средбата и да пристапат кон здружението. До сега се зачленети преку триесет граѓани, но тоа сепак не е доволно за да можеме успешно да си ги штитиме зедничките интереси и да ја градиме иднината на овој убав дел од Охрид. Природните услови нудат мошне квалитетен развој најразлични содржини на урбано живеење во комбинација со мало производство, туризам и рекреација. Човечкиот фактор ќе биде пресуден за остварување на таквите визии. Масовноста е главен аргумент пред државните органи и само така ќе можеме да го добиеме целото нивно внимание, кое го заслужуваме. Затоа повикуваме на здружување на сите заинтересирани.

На средбата се поканети и сите други кои му посакуваат добро на овој простор и на Охрид, воопшто.“ – стои во соопштението.