Иницијатива за донесување одлука за изградба на спомен-обележје на истакната охридска и македонска спортистка Атина Бојаџи
Левица поднесе Иницијатива за донесување одлука за изградба на спомен – обележје на истакната охридска и македонска спортистка Атина Бојаџи.
Врз основа на чл.43, сте.1, 2 и 5 од Законот за локална самоуправа ( Со. Весник на РМ бр.5/2002), чл.22 од Статутот на Општина Охрид (Сл. Гласник на Општина Охрид бр.08/07,01/08, 10/10,5/11,09/14,14/14, 10/19 и 15/20) и чл.54,сте.1ал.3 од Деловникот на Општина Охрид
ИНИЦИЈАТИВА
за донесување одлука за изградба на спомен – обележје на истакната охридска и македонска спортистка Атина Бојаџи
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Атина Бојаџи е македонска маратонска во пливање. На единаесет години успеала да ги собори сите рекорди во пливање. Била светски првак во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон во 1962 година. Вкупно 2 пати била светски првак на слатки води.
На исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од дваесет и тројца натпреварувачи, заедно со уште еден пливач, единствена успеала да стигна до целта.
Во 1962 година како пливачка на маратонот Капри – Неапол, станала светски првак на солени води.
Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на каналот Ламанш во 1969 година.
Поради сите овие нејзини успеси во пливањето, сметам дека Атина Бојаџи доволно нè задолжила како охриѓани, нејзините пливачки постигања да ги овековечиме со спомен – обележје.
Левица ЛО Охрид
