28/03/2024
Писма/Колумни

Иницијатива за воведување на македонски телевизиски канал со телевизиска програма на подрачјето на БиХ

До:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев;

Министерот за цивилни работи на БиХ, Адил Османовиќ;

Министерот за образование и наука на Република Македонија, Рената Дескоска;

Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак;

Македонска радио-телевизија, Република Македонија, Скопје

Предмет: Иницијатива за воведување на македонски телевизиски канал со телевизиска програма на подрачјето на БиХ

Почитуван господине премиер на Република Македонија Зоран Заев, почитувана министерке за образование и наука на Република Македонија Рената Дескоска, почитуван министре за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак, почитуван министре Адил Османовиќ, задоволство ми е да ве поздравам во име на сите нас кои ја сакаме Македонија. Имајќи ги во предвид добрите и пријателски односи на БиХ и Македонија базирани на почит и разбирање, најљубезно Ве замолувам да одвоите малку време и да ја прочитате „Иницијативата за воведување на македонски телевизиски канал со телевизиска програма на подрачјето на БиХ“.

Ние, претставниците на група граѓани, здруженија на граѓани со потекло од Македонија, бројни пријатели од Тузла и други градови во БиХ сме вљубеници во Македонија, нејзината историја и култура, обичаи, гастрономија, природни убавини, музичко творештво, како и македонскиот јазик, повторно даваме предлог за:

Иницијатива за воведување на македонски телевизиски канал со телевизиска програма на подрачјето на БиХ.

Образложение:

За воведување на една македонска телевизиска станица на подрачјето на Тузла или БиХ во денешно време не се потребни широки политички консултации, но би претставувало првокласно социјално-политичко случување.

Има многу драги и чесни Македонци кои живеат и чесно работат во БиХ. Првите Македонци кои дошле во БиХ биле на почетокот од 20 век, а најголем број во нашата земја БиХ дошле за време на поранешната наша заедничка држава Југославија. Најмногу се населувале во поголемите градови како Сараево, Тузла, Бања Лука, Зеница, Мостар, Бијељина, Добој, Приједор, Дервента, Зворник, како и помалите градови Лукавац, Бановичи, Сребреница, Челич, Неум, Купрес, Рудо, Дрвар, Лакташи, Мркоњич Град… Жените се мажат, раѓаат и денес работат како вредни занаетчии, слаткари, пекари, како и уметници, писатели, стоматолози, инженери, војници, учители, но и лекари.

Денес, точниот број на Македонци кои живеат во БиХ според пописот од 1991 година е нереален и се движи околу 2000. Најмногу живеат во Сараево, Тузла, Бања Лука каде имаат свои здруженија, а во другите градови има многу претставници на неформални групи на граѓани, здруженија на граѓани со потекло од Македонија, исто бројни пријатели од Тузла и другите градови во БиХ кои градат „мостови на пријателство“ со срдечни, топли, гостопримливи и отворени за Македонците и преубавата Република Македонија.

Сите ние ја сакаме Република Македонија и сите сме вљубеници во природните убавини на Македонија, нејзината историја и култура, обичаи, гастрономија, музичко творештво, како и македонскиот јазик, повторно даваме предлог за:

Иницијатива за воведување на македонски телевизиски канал со телевизиска програма на подрачјето на БиХ.

Нејзината основна улога би била продукција и емитување на радио и телевизиска програма од сите жанрови, која би ги задоволила информативните, културните, образовните и рекреациските потреби на грашаните на БиХ и република Македонија, кои живеат и работат во БиХ.

Со надеж дека овој проект ќе се реализира, голем поздрав од членот на неформалната група „Мост на пријателството“ Тузла-Охрид.

Најискрено,

м-р Сулејман Мулиќ – Шулц, професор

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.