Интензивни мерки за дезинфекција на Градскиот пазар

Почитувајќи ги мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.

Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот.

Со високиот стандард на хигиена, претпријатието несомнено гради безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.