19/04/2024
Охрид

Интензивно се работи на изградба на патеката од саат кулата до старото училиште „Св.Климент Охридски“

Во  поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.

На патеките со должина од 250 и 275 метри квадратни веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога со дебелина од 10 сантиметри.

Поплочувањето на едната патека е при крај и се работи на поплочување на втората патека.

Изведувач на градежните активности е фирмата „Тане 2007“ од Охрид, а проектот што општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион чини 3 милиони денари.

Градежните активности започнаа во месец септември и се очекува да заврши на крајов од оваа календарска година.