25/04/2024
Македонија

Интерен оглас број 01/2018 за унапредување на административни службеници во МОН

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како иПравилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука со бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година,бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година ибр. 04-2694/4 од 26.03.2018 година,Министерството за образование и наука објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018

за унапредување на административни службеници

во Министерството за образование и наука

               Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 5(пет) административни службеници за следните работни места:

  1. 1.УПР0101Б02000 Раководител на сектор за нормативно правни работи, Сектор за нормативно правни работи -1 извршител

Посебни услови:

–          ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степенправни науки

–          работно искуство, и тоа:

–          најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:

–          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

–          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–          положен испит за административно управување

Распоред на работното време:                                                                                      

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 35.873,00 денари.

2. УПР0101В01000 Советник за справување со девијантни појави во основното образование, Одделение за основно образование, Сектор за основно образование  -1 извршител

Посебни услови:

–          ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,социјална работа и социјална политика, социологија или економски науки

–          работно искуство, и тоа:

–          најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

–          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

–          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:                                                                                     

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари.

3. УПР0101В01000 Советник за ученици со посебни образовни потреби, Одделение за средно образование, образование на возрасните и доживотно учење, Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење  -1 извршител

Посебни услови:

–          ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,теологија, образование или економски науки

–          работно искуство, и тоа:

–          најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

–          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

–          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:                                                                                      

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари.

4. УПР0101В01000 Советник за еквиваленција и нострификација, Одделение за еквиваленција и настрификација, Сектор за меѓународна соработка  -1 извршител

Посебни услови:

–          ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,образование, правни науки или економски науки

–          работно искуство, и тоа:

–          најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

–          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

–          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:                                                                                      

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари.

5. УПР0101Г01000 Самостоен референт за презентации, медиумско претставување и протокол, Одделение за односи со јавност и протокол, Сектор за организациони работи на Министерството  -1 извршител

Посебни услови:

–          ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,гимназија

–          работно искуство, и тоа:

–          најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

–          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

–          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:                                                                                        

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

Платата за работното место е во паричен нето износ од 15.533,00 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:

–          да е државјанин на Република Македонија;

–          активно да го користи македонскиот јазик;

–          да е полнолетен;

–          да има општа здрваствена способност за работното место и

–          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                 На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–          да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

–          да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

–          да поминал најмалку две години на тековното работно место и

–          да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурсиcoveckiresursi@mon.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–          потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–          потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за образование и наука.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

  Пријава