29/03/2024
Охрид

ИПА Охрид и Планинската спасителна служба потпишаа Меморандум за соработка

Интернационалната полициска асоцијација – регион Охрид и Планинска спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот што беше потпишан во Оперативниот и тренинг центар на Планинарската спасителна служба, подразбира унапредување на меѓусебните односи, организација, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и едукативни работилници и други настани од областа на безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и изведување практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни.

Меморандумот за соработка го потпиша претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски, генералниот секретар на ИПА Охрид Игор Смилевски, секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Мимоза Ставрева и раководителот на Планинарската спасителна служба Антонио Додевски.