29/03/2024
Охрид

ИПА Охрид реализираше хуманитарна акција за социјално загрозени семејства од Охрид

Викендов, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Охрид.

Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „зготви и подари“ од Охрид. Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаок на храна, со многу љубов приготвија топли оброци а потоа, со голема почит им ги предадоа на членовите на семејствата, во нивните домови во Охрид.

„Целта на заедничката акција  е, поттикнување на солидарноста како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна, а кои, немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци. Храната е основно човеково право и затоа, сите заедно треба да создаваме можности за редовно донирање на храна за одредени наши сограѓани и барем малку да придонесеме да имаат подобар живот.“ – 
SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.“ – истакна претседателот на ИПА Охрид, м-р Стефан Димоски.


WebOhrid / 20.02.2023 / ИПА Охрид