14/10/2024
Охрид

ИПА-регион Охрид: Заштитни маски и благодарност за професионалноста на новинарите

Интернационалната полициска асоцијација, за регионот Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на ЗНМ, од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици.

„Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата борбена линија во борбата против вирусот Ковид-19,“ – изјави претседателот на ИПА за регионот Охрид, м-р Стефан Димоски.

Тој додаде дека, новинарите, извршувајќи ги професионалните обврски на полето на информирање на граѓаните, секојдневно се во непосредни контакти со други лица, меѓу нив и лица од можни ризични категории, бараат изјави од нив, престојуваат на различни места и објекти и се изложени на ризик од заразата.

„Преку информирањето, делуваат кон заштита на јавното здравје и јавниот интерес за подигнување на свеста кај јавноста за превенција и доследна примена на препорачаните мерки за заштита и справување со Корона вирусот. Сметаме дека новинарите и медиумските работници, треба да бидат маскимално заштитени, и во својата работа треба да се придржуваат до безбдносните протоколи и препораки на надлежните институции. Веруваме дека со оваа скромна донација, барем малку ќе придонесеме за подобро опремување на новинарите и медиумските работници со заштитни маски и заштитни ракавици кои им се неопходни на терен и ќе се зголеми степенот на безбедност во нивната работа и во зачувувањето на нивното здравје,“ – напомена м-р Димоски.

В.М.