20/04/2024
Охрид

Исчистено и обележано капалиштето кај градското пристаниште

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни дејности „Охрид“ денес извршија чистење на Охридското Езеро во потегот кај градското пристаниште по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Оваа акција има за цел да ја подобри безбедноста на локацијата со отстранување на отпадoците и предметите што се потенцијална опасност за капачите кои ќе го бараат чесниот крст во езерските води.

Покрај отстранувањето на отпадот од дното на езерото, во делот од градското пристаниште беше извршено и соодветно обележување на капалиштето.