20/04/2024
Македонија

Исплата на пензиите од 29 мај

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај  2023 година, предложена од Министертсвото за труд и социјална политика.

Се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со мајските  пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од 29.05.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:

·         за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);

·         за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);

·         за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и

·         за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).