29/03/2024
Охрид

IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Утре 29 јуни (сабота) 2019 година ќе се одржи IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.

Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.

Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.

На манифестацијата ќе бидат доделени следните награди:

– Прва награда за најубава песна

– Втора награда

– Трета награда

– Награда за најдобар млад автор

– Награда за најдобар странски автор

– Награда за најдобра интерпретација на песна и

– Награда за животно дело.

За победникот (прва награда) Организациониот одбор обезбедува викенд за двајца во Охрид.

За учесниците обезбеден е превоз (мини бус „Димакс”) од Автобуската станица до манастирот во 12 часот и повторно враќање назад по завршувањето. За сите учесници и гости организаторот обезбедува коктел со закуска во манастирскиот комплекс.

Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.