29/03/2024
Спорт

Изборот на најдобри спортисти за 2017 ќе се одржи на 26 декември

На 26 декември во НУ „Драмски Театар“ – Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изборот на „Спортисти на Годината 2017“. Македонија ќе избира најуспешни во неколку категории:

  • Спортист на годината
  • Спортистка на годината
  • Млад спортист на годината
  • Млада спортистка на годината
  • Најуспешен машки национален тим
  • Најуспешен женски национален тим
  • Најуспешен спортист на лице со инвалидитет
  • Најуспешен тренер/селектор
  • Најуспешна национална спортска федерација
  • Најуспешен спортски училишен тим од основните училишта
  • Најуспешен спортски училишен тим од средните училишта
  • Најуспешна спортски универзитетски тим од Универзитетите

Во минатогодишниот избор, за најуспешни беа прогласени ракометарот Кире Лазаров и тенисерката Лина Ѓорческа.