19/04/2024
Македонија

Избрани „Најбезбедно и најчисто училиште“

Министерството за образование и наука информира дека се избрани училиштата на кои ќе им се доделуваат чертификати за „Најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година”. Од страна на МОН беше распишан Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ со бр.12-14904/1 од 14.12.2017 година а истиот беше објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука. На Јавниот повик аплицираа вкупно 15 училишта од кои 11 основни училишта и 4 средни училишт

Комисијата составена од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, ги избраа и добитниците, и тоа

–          во категоријата средни училишта:

СОУ„Ѓорче Петров“ од општина Крива Паланка – прво место

СОУ Гимназија „Панче Арсовски“ од Скопје – второ место

СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје – трето место

–          во категоријата основни училишта:

ООУ„Дане Крапчев“ од општина Гази Баба – прво место

ООУ„Кочо Рацин“ од општина Петровец – второместо

ООУ „Наум Охридски“од село Булачани, општина Гази Баба – трето место

На Јавниот повик апликации доставија 15 основни и средни училишта од Република Македонија, односно 11 основни и 4 средни училишта. Од страна на Комисијата е констатирано дека три училишта не ставиле уредна документација и тоа:ООУ „Шемшово“, с.Шемшово во општина Јегуновце, ООУ „Рајко Жинзифов“ с.Оризари во општине Велес и ООУ „Видое Подгорец“ с.Колешино во општина Ново Село.

Училишта кои доставиле уредна документација согласно критериумите за најчисто и најбезбедно училиште и влегуваат во потесен круг за увид од страна на Комисијата се следните основни и средни училишта:1. ООУ „25 Мај“ – општина Гази Баба, 2. ООУ „Тошо Велков – Пепето“- општина Кавадарци, 3. ООУ „Кочо Рацин“ – општина Петровец, 4. ООУ „Јоаким Крчовски“- општина Крива Паланка, 5. ООУ „Крсте Мисирков“- општина Гази Баба, 6. ООУ „Дане Крапчев“- општина Гази Баба, 7. ООУ„Саид Најдени“ – општина Дебар, 8.ООУ„Наум Охридски“ – с.Булачани во општина Гази Баба,9. СУГС „Владо Тасевски“ – град Скопје,10. СОУ Гимназија „Панче Арсовски“- град Скопје,11.СОУ „Ѓорче Петров“ –општина Крива Паланка и 12.СОУ „Коста Сусинов“ – општина Радовиш.