Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 126 од  „Законот за животна средина“ (Сл.весникна РМ бр.53/05,  81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 )  Градоначалникот на Општина Охрид за ДООЕЛ ЛИТА Охрид, Живинарска фарма ЛИТА с. Горно Лакочереј, Охрид–Општина Охрид издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола  бр.21 – 2165  од 03.12.2018

Б-Интегрирана еколошка дозвола ДООЕЛ ЛИТА Охрид, Живинарска фарма ЛИТА с. Горно Лакочереј, Охрид–Општина Охрид

Носител на дозволата  :

ДООЕЛ ЛИТА Охрид, Живинарска фарма ЛИТА с. Горно Лакочереј, Охрид–Општина Охрид

Адреса на седиштето :
Седиште на компанијата, С. Горно Лакочереј, Охрид
Локација на инсталацијата, с. Горно Лакочереј, Општина Охрид

Координати на локацијата:
41°10´32´´N  20°48´25´´E

Контакт лице :
Јованка Ставреска управител на живинарската фарма ,  претставник за животна средина

Категорија на инсталацијата :
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(а) 5.000 до 40.000 места за живина

Вид на активност:
Производство на конзумни јајца

Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за  животната средина и управување со отпад , Одделение за заштита и влијание врз животната средина.