20/04/2024
Македонија

Изгоре модуларната ковид болница во Тетово, има жртви

Вечерва околу 21:00 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово. На лице место пристигнаа 7 противпожарни возила и над 30 пожарникари, а нивната работа беше отежната и од повеќето експлозии на боците со кислород. Пожарот целосно беше изгаснат во 21:45 часот.

И покрај напорите за навремено спасување и извлекување на пациентите, во оваа трагедија покрај повредени има и жртви, чија бројка дополнително ќе биде позната. Формиран е Кризен штаб, кој набрзо по гаснењето на пожарот одржа состанок во просториите на Општина Тетово. Се очекуваат официјални резултати од истрагата која е во тек.