19/04/2024
Охрид

Изготвена нацрт стратегијата за родова рамноправност на Општина Охрид

Интерсекторската група за родово одговорно буџетирање, деновиве ја изготви нацрт верзијата на Стратегијата за родова рамноправност на Општина Охрид. Оваа група е формирана врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу општината и UN Women од 2018 година. Стратегијата е изработена со поддршка на менторката за родова еднаквост на општината Марија Ристеска, а почива на 2 клучни документа за родова еднаквост: Светската Декларација за жени во локалната власт (Worldwide Declarationon Women in Local Government) 2 , и Европската повелба за еднаквост на мажите и жените во локалниот живот (European Charter for Equality of Women and Men in Local Life).

Нацрт стратегијата е достапна на официјаланта веб страница на Општина Охрид. Сите заинтересирани граѓани, организации и здруженија своите забелешки и сугестии може да ги испратат на електронсктата адреса:  risteska@crpm.org.mk (користејќи ја алатката track changes), најдоцна до 27 септември.

СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ НА ОПШТИНА ОХРИД