29/03/2024
Охрид

Изградба на четири потпорни ѕидови на улица „15-ти Корпус“

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата.

Два потпорни ѕидови се веќе изградени, а во тек се работни активностите за изградба и на третиот потпорен ѕид. На изградбата на четвртиот потпорен ѕид ќе се работи во текот на наредните денови.

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата, паралелно се работи и на поставување на рабници, а се врши и тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки.