16/04/2024
Македонија

Изложба на дела од грчката колекција во МСУ

Еден дел од колекцијата потекнува уште од 1965 година, односно од периодот на формирањето на Музејот на современата уметност, додека најголемиот дел од грчката колекција е оформена во 70-те години на минатиот век.

Во моментов грчката колекцијата на Музејот на современата уметност брои 47 уметнички дела од 34 грчки автори, меѓу кои

Танасис Акривополос, Беба Ангелину, Кате Антипа, Ахилеас Апергис, Коула Бекари Јанис Гаитис, Биа Даву, Диоханди, Ахилис Друнгас, Ана Константину и други.