16/04/2024
Македонија

Изложба на фотографии „Велигден 2018“

Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“- Неготино, со поддршка на Министерството за култура, денеска по повод Велигден, во 12 часот ќе биде отворена изложба на фотографии насловена „Велигден 2018“ …

Ќе бидат претставени 24 фотографии поврзани со традицијата на велигденските празнување, а изработени од членовите на фото и видео клубот „Ацо Ѓорчев“ и тоа:Горан Димов, Зоран Димитрушев, Киро Ристов, Димитар Стојков, Лазар Сотиров и Стефан Димитрушев.

Во Центарот за култура на 10-ти април со почеток од 12 часот ќе се изврши избор и на најдобро декорирано велигденско јајце изработено од страна на ученици од основните училишта од Неготино.