29/03/2024
Охрид

Изложба на книги од роднокрајни автори родени во октомври

НУ „Григор Прличев“ од Охрид во ова време на Ковид-19 секој месец ги одбележува со своја објава родендените на родонокрајните автори.

Во октомври, според податоците од Библиотеката родени се: Блаже Тренески, д-р Павле Митрески и академик Миле Мичуновиќ пследните двајца се’ уште творат.

Проф. д-р Митрески неодамна по повод 88 роденден и 60 години од творештвото промовираше три нови историски публикации. Се работи за книгите: „Михајло Идворски Пупин” (Од Вевчани до Идвор), „Студии за Охридско – струшкиот регион” (четврта книга) и „Српски документи 1890 – 1940)”.

Академик Миле Миќуновиќ пак пред две недели во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја издаде својата108 книга под наслов „Максима“. Во воведот на книгата академик Миќуновиќ ја објаснува нејзината суштина: -Има фрази чие потекло може да се објасни и разбере, само ако се знаат околностите во кои се создадени. Зошто, тие имаат свои корени во грчката и римската митологија, или во Библијата, или во народните преданија, верувања, или во литературата, историјата, техниката, спортот, во малку познати животни ситуации итн.На следните страници ќе го објасниме потеклото и значењето токму на таквите изрази.. вели д-р Миќуновиќ.

Роднокрајниот автор, покојниот Блаже Тренески ќе остане забележан во меморијата на Охрид како творец на стихозбирки за деца и собирач на народно фолклорно творештво од Охрид и Дебрца.