29/03/2024
Охрид

Изложба на ликовни дела од странски автори во НУЦК Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид организира ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД СТРАНСКИ АВТОРИ, по повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на градот Охрид. Селектор (куратор) на изложбата е познатиот охридски сликар Славко Упевче.

Изложбата ќе биде отворена на 06.11.2020 година (петок) во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.

Влезот е слободен!