20/04/2024
Македонија

Изложба на плакати на Маријана Иванова во Кочани

Во фоајето на Центарот за култура ,,Бели мугри‘‘ во Кочани утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата на плакати насловена „Импостер“ (Imposter) на Маријана Иванова…

Авторката се претставува со плакати изработени за време на нејзините студии во Националната ликовна академија во Софија, Бугарија. Ќе бидат изложени различни видови плакати – социјални, културни, рекламни, јубилејни и седум плакати инспирирани од делата на нобеловецот Херман Хесе.Претставените творби се впечатливи и го разоткриваат современиот и разнообразен јазик на младата авторка.

Целта на изложбата е да се едуцира локалната публика за значајноста на овој вид уметност и да се претстави уметникот пред домашната публика после многубројните учества на интернационални изложби во Турција, Велика Британија, Иран, Лихтенштајн, Австрија, Русија, Полска, Мексико, САД, Тајван, Јамајка и Казахстан.Изложбата „Импостер“ ќе биде отворена до 9 март.