29/03/2024
Охрид

Изложба на стари фотографии на Курт Хејлишер во Куќата на Уранија – МАНУ

Во Куќата на Уранија – МАНУ, во Охрид, се редат манифестациите од овогодишната Охридската научна и уметничка визита – 2019.

Веќе од утревечер, од 20:00 часот,.на публиката и стои на располагање, атрактивниот избор од стари фотографии на Курт Хејлишер.

Хејлишер (1881-1948), е германски фотограф, кој патувал интензивно низ Европа во 1910 – тите, 1920 – тите и 1930 – тите години.

Автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.

Поради својата работа поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците).

Направил над 1200 фотографии почнувајќи од Словенските Алпи па се до Струмица.

Хејлешер сам избрал 191 фотографија и објаснил: “сакав да го покаже атрактивниот различен карактер на земјата, архитектурата и начинот на живот на Југословените. Не сакав да создадам колекција на разгледници”.

В.М.