Изложба „Обновување на сликарството на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново -ремек-дело на византиската уметност во Македонија“
Во рамките на изложбата се претставени резултатите од проектот „Македонски фрески – Маско 360“, реализиран од Здружението „Македонида“ од Скопје во соработка со Факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со поддршка на германскиот институт Макс Планк и Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.
Фотографиите од светски познатите фрески во црквата во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност од 12 –от век се направени во пролетта 2016 година, период во којшто веќе беа започнати конзервторските работи во црквата во Курбиново.

На отворањето на изложбата ќе биде прикажана и кратка видео презентација за резулатите од конзерваторскиот проект која е дел од една поширока кампања за валоризација и промоција на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и нејзината конзервација.
Изложбата, која се реализира со поддршка на Министертсвото за култура на Република Македонија, по скопското претставување на 7 мај ќе биде претставена и во Минхен во просториите на престижниот Универзитет Лудвиг Маскимилијан, на Факултетот за византиски и современи грчки студии.