26/04/2024
Македонија

Изложба „Обновување на сликарството на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново -ремек-дело на византиската уметност во Македонија“

Во рамките на изложбата се претставени резултатите од проектот „Македонски фрески – Маско 360“, реализиран од Здружението „Македонида“ од Скопје во соработка со Факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со поддршка на германскиот институт Макс Планк и Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.
Фотографиите од светски познатите фрески во црквата во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност од 12 –от век се направени во пролетта 2016 година, период во којшто веќе беа започнати конзервторските работи во црквата  во Курбиново.
 
Pokana_za_izloba__Kurbinovo_600
На отворањето на изложбата ќе биде  прикажана и кратка видео презентација за резулатите од конзерваторскиот проект која е дел од една поширока кампања за валоризација и промоција на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и нејзината конзервација.
Изложбата, која се реализира со поддршка на Министертсвото за култура на Република Македонија, по скопското претставување на 7 мај ќе биде претставена и во Минхен во просториите на престижниот Универзитет Лудвиг Маскимилијан, на Факултетот за византиски и современи грчки студии.