25/04/2024
Струга

Измама при купопродажба на автомобили

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Х. (30) и Е.Џ. (41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 02.12.2017 година во кафе бар во Струга пријавените постигнале усмен договор за купопродажба на две моторни возила и на Б.К. (50) требало да му исплатат 15.000 евра. На 04.12.2017 година Б.К. им ги дал клучевите од возилата, но пријавените не ја исплатиле договорената сума, ниту пак, договорот го завериле на нотар, со што му причиниле материјална штета од 15.000 евра.