29/03/2024
Охрид

Измамени четири девојки чии фотографии и лични податоци биле злоупотребени за остварување контакти

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид.

На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи.

Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, но и како банер на страна на интернет, кој бил креиран за остварување контакти.