09/12/2025
Охрид

Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново Село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.

Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „петља“ – „Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмоље, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.

СВР апелира до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.


WebOhrid / 14.05.2025 / СВР Охрид