23/04/2024
Охрид

Изминатото деноноќие приведени шест лица кои не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно шест лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-2) .Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани кражби, сообраќајни незгоди и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 99 лица во изолација (Охрид-70, Струга-18, Кичево-11). Од страна на полициски службеници извршени се 55 контроли врз лицата во изолација (Охрид-39, Струга-5, Кичево-11). Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 306 лица (Охрид-30, Струга-236, Кичево-24, Дебар-16). Врз овие лица, извршени се 185 контроли (Охрид-30, Струга-117, Кичево-22, Дебар-16). Полициските службеници извршија 59 контроли на угостителски објекти.