Изработена брошура за информациите поврзани со храната

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство изработи брошура за информациите поврзани со храна.

Целта на означувањето на храната, односно информациите поврзани со храната, е да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат. Најважното правило е дека означувањето, презентирањето и рекламирањето на храната (вклучувајќи го и нејзиниот облик, изглед или пакување) не смее да го доведе во заблуда потрошувачот.

Преземете ја брошурата за да ги дознаете кои информации се задолжителни на прехранбените производи кои ги консумирате, и како да постапите доколку забележите недоследности во означувањето на производите.

→ Брошура за информации поврзани со храна ←