28/03/2024
Охрид

Изработениот план за Охрид ТрчаТ 2018 претставен пред СВР

Во просториите на СВР Охрид се одржа работна средба помеѓу началникот Сашо Смилески и неговите блиски соработници во СВР Охрид и организаторите на спортската манифестација Охрид ТрчаТ.

На средбата од преставниците на Охрид ТрчаТ беше промовиран сообраќајниот проект за атлетскиот викенд кој втора година по ред ќе се одржи низ улиците на нашиот град. Изработениот план за Охрид ТрчаТ со задоволство беше прифатен од одговорните лица во СВР Охрид кои истакнаа дека безбедноста на граѓаните и учесниците секогаш е на прво место. Со промовирањето на сообраќајниот план Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира Охрид ТрчаТ ги започнува финалните подготовки за настанот кој ќе се одржи на 3 јуни.

Сите заинтересирани граѓани и компаниии за пријавување на атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ можат да го направат тоа на официјалната страна „ohridtrcat.mk“.