16/04/2024
Охрид

Изведена акција „Охрид Еко 2023“

Во организација на Нуркачкиот Центар „АМФОРА“ од Охрид се реализира голема еколошка акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад „ОХРИД ЕКО 2023“.

Акцијата се изведе на две локации: Извори Свети Наум, Пристаниште Свети Наум – манастир Свети Наум.

На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар „Амфора“, Спелеонуркачки клуб „Врело“ од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар „Амфора“.

Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Проектот е реализиран со поддршка на Скопско АД Скопје и на Ресторан Острово Св.Наум.

Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го транспортираат до депонија.

„Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад“ – објаснува раководителот на АМФОРА Јован Секулоски Интернационален Инструктор Тренер и потенцира дека „со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел Вистинска заштита на Охрдското Езеро.“


WebOhrid / 27.05.2023 / Нуркачки центар Амфора