29/03/2024
Македонија

Извештај за напредокот во спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

Извештајот беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та  седница, одржана на 13 февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година …

Министерството за култура Република Македонија ја информира јавноста дека согласно Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион (донесена на 41-та сесија – Краков, Полска, 2017 година), Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија во координација со ресорните министерства, институции и општини го изработи Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (41 COM 7B.34).

Извештајот беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та  седница, одржана на 13 февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година.

Владата на РМ со ресорните органи и институции, со посебен интерес и внимание ги разгледа и ревидираше активностите предвидени во Охридскиот регион и носењето на одлуки, кои што треба да овозможат баланс за идниот развој на регионот, темелен на зачувување на историски исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство на Охридскиот регион како светско наследство.

Извештајот што беше доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година може да се погледне и сочува преку оваа врска:

Извештај за напредокот во спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (линк)