Известување до учениците од општина Дебрца кои учат во средните училишта во Охрид

Поради одлуката на општина Охрид превозот на учениците до средните училишта во Охрид да се врши со редовниот општински линиски превоз, почнувајќи од 01 Септември беше укината посебната линија Охрид-Мешеишта-Волино-Охрид, со поаѓање од Охрид во 19.30 часот.

„Согледувајќи дека тоа создаде голем проблем за нашите ученици, кои беа приморани да чекаат речиси по два часа за превоз, а постапувајќи по оправданите барања на засегнатите ученици и родители , како општина Дебрца се заложивме да го решиме проблемот и постигнавме договор со превозниците Пупе Компани и Омега Експрес линијата повторно да се оддржува.

Линијата повторно се активира од денес, 03.12.2018 година, во 19.30 часот и ќе се оддржува од понеделник – петок, во текот на траењето на учебната година.“- информира градоначалникот Ногачески.

Воедно, Ногачески потсетува дека конкурсот за доделување на средношколски стипендии е во тек и трае до 14.12.2018 година.