25/04/2024
Дебрца

Известување за дозволи за работа во општина Дебрца за време на забраната за движење

Општинскиот кризен штаб ги известува жителите на општина Дебрца, дека на територија на општината за време на викендот дозволи за работа преку онлајн, телефонски нарачки, поднесоа и добија следните трговски друштва:

🛒 Спироски СН Дооел – Издеглавје, ☎️+389 71 859 931
🛒 Тупанчески Дооел – Волино, ☎️ +389 78 282 008
🛒 Перко 2017 Дооел – Лактиње ☎️+389 71 942 986

🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.

👉 Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.