Известување за санација на канализацискиот колектор

ЈП „Колекторски систем“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од 10.03.2020 ќе се започне со работни активности за санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување (CIPP-технологија) и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.

Инвеститор на работите е ЈП „Колекторски систем“ Охрид, а работите ги изведува компанијата „ЕКО Теам“ ДОО од Скопје и „ИНД ЕКО“ ДОО од Ријека, Хрватска.

Работите ќе се изведуваат следните четири месеци во временски интервал од 0 до 24 часот, а во текот на изведувањето на работите сообраќајот ќе биде делумно ограничен. Се молат граѓаните за разбирање и почитување на привремените сообраќајни регулации.

Исто така се молат сите станари да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат да се појават во текот на санацијата во станбените простори. Се молат станарите во текот на санацијата на колекторот,  да не ги користат канализациските состави или користењето да го сведат на минимум, бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на новите цевки.