Известување за забрането паркирање

Поради изведување на планирани градежни активности, Општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на булеварот „Туристичка“ на десната коловозна лента, на потегот од крстосницата со улица „Димитар Влахов“, од објектот на Гимназијата до делот покрај ОУ „Григор Прличев“.

Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од утре 10.04.2020 година (петок) до завршување на градежните активности.