25/04/2024
Македонија

Извлечени 4 лица заглавени во навев од снег на Кожуф

Во текот на вчерашниот ден, во 14:40 часот, од граѓанин добиена е информација дека поради навеви од снег е заглавено патничко возило, помеѓу Ски центар „Кожуф“ и „Смрдлива Вода“, кај место викано „Шутка“.

За настанатата состојба известени беа РЦУК Струмица и се правеа напори истите лица да бидат земени со возило поради опасност од настапување на ноќ и влошување на временските услови.

Од страна на МВР и АРМ ангажирани беа две теренско возила да ги евакуираат лицата.

Во 17:30 часот теренските возила на АРМ и МВР стигнале на местото и ги презеле заглавените лица. Во возилото имало 4 лица (3 машки и 1 женско лице) и истите се транспортирани до градот Гевгелија.