29/03/2024
Спорт

Извлечени полуфиналните натпревари од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекување на полуфиналните натпревари од Куп на Македонија во машка конкуренција. Полуфинални парови во Куп на Македонија (мажи) се:

РК Металург – РК Вардар 1961

РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер

Полуфиналните натпревари се закажани за 14.05.2021 (петок), а финалето е закажано за 16.05.2021 (недела).

Во женска конкуренција во полуфинале пласман обезбедија екипите на: ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Куманово и ЖРК Чаир.

Полуфинале Куп на Македонија жени:

ЖРК Вардар – ЖРК Чаир

ЖРК Металург – ЖРК Куманово

Полуфиналните натпревари се закажани за 15.05.2021 (сабота), а финалето за 16.05.2021 (недела)