18/04/2024
Македонија

Извлечени странски државјани заглавени во снег на пат кон Галичник

Вчера попладне на телефонска линија 195 се јавило лице странски државјанин, кој пријавил дека заедно со неговата сопруга со својот автомобил се движеле од Маврово кон село Галичник и на повисока надморска висина по патот со возилото заглавиле во снег.

По добиеното известување од страна на РЦУК Тетово беа известени: РЦУК Гостивар, ПС Маврово-Ростуше, ПС за БПС Гостивар, Македонија пат секција Гостивар и ЕЛС Маврово-Ростуше. Од страна на ПС Маврово Ростуше беше испратена екипа со теренско возило.

Во 16:50 часот од ПС Маврово-Ростуше известија дека полициската екипа ги пронашла лицата и успеале да го извлечат и автомобилот на заглавените лица и истите безбедно да ги спуштат во Маврово.

За завршувањето на акцијата за извлекување на странските државјани беа известени надлежните субјекти.