28/03/2024
Спорт

Јаховиќ со деби-гол во деби-натпреварот за Коњаспор

Адис Јаховиќ го одигра својот деби-натпревар за Коњаспор. Во рамките на Турскиот Куп, Коњаспор на домашен терен го дочека Галатасарај.

Коњаспор поведе во 40 минута и замина на полувреме со предност од 1:0. Галатасарај изедначи во 50 минута, а веќе во 55 минута поведе со 1:2. Новото засилување на Коњаспор, Адис Јаховиќ влезе во игра во 57 минута. И кога се чинеше дека Галатасарај ќе го добие овој натпревар, токму Јаховиќ во судиското продолжение од натпреварот (90+1) постигна гол за изедначување на 2:2.

Имено, екипата на Коњаспор го освои Турскиот Куп минатата сезона. Следниот реванш-натпревар од Турскиот Куп Коњаспор ќе го игра за една недела (08.02.2018), во гости против Галатасарај.

https://youtu.be/ImXIr-Izs_A

WebOhrid