28/03/2024
Охрид

Јамандиев: Гарантираме изградба на ново, современо основно училиште

„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите.

Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид. Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и спортските клубови во село Лескоец.“ – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

„Образовниот процес не е само теоретска наобразба на учениците од учебници. Основното образование е темел на нашата иднина, расадник на нова идна генерација мислители, научници и иноватори, уметници, водачи и креатори на новите стандарди и на новиот начин на живеење во Охрид.

За таа цел гарантираме изградба на ново, современо основно училиште.

Заокружи 7 за Образование за сите!

7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“.“ – истакна Јамандиев.